УХМР: Сончево со мала до умерена локална облачност, од среда дожд
Во Скопје времето денеска, исто така, ќе биде претежно сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до 21 Целзиусов степен.

Денеска во земјава се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.
Утринската температура се движи во интервал од два до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 до 22 степени.
Во Скопје времето денеска, исто така, ќе биде претежно сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до 21 Целзиусов степен.
Стабилното и релативно топло време, според УХМР ќе се задржи до вторник, а веќе од среда, се очекува промена на временската состојба, кога ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.
