Хамас утре почнува со предавање на заложниците
Во Тел Авив исчекување и надеж за повторно обединување со саканите. Во нивна чест одржан голем митинг со надеж дека ќе биде и последен.

Хамас објави дека утре ќе почне со предавањето на 48-те заложници кои ги држи во Газа. Во Тел Авив исчекување и надеж за повторно обединување со саканите. Во нивна чест одржан голем митинг со надеж дека ќе биде и последен. Обраќајќи се пред толпата, специјалниот американски пратеник Виткоф потврди дека заложниците се враќаат дома и го пофали Трамп за овозможувањето на прекин на огнот во Газа.
„Сите му должиме длабока благодарност на претседателот Трамп. Во најлошите времиња тој одби да ја прифати идејата дека мирот на Блискиот Исток е недостижен. Од длабочините на нашите срца, им оддаваме почит на семејствата на заложниците. Секој од вас ја носеше моралната тежина на оваа нација. Вашата храброст го трогна светот, но и мене. До заложниците-наши браќа и сестри, се враќате дома“, изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп.
На северот од Газа досега се вратиле половина милион луѓе по повлекувањето на израелските трупи. Египет потврди дека утре ќе биде домаќин на мировниот самит за Газа на кој ќе присуствуваат светските лидери меѓу кои, Трамп, Макрон, Стармер и Гутереш.
