Воен конфликт

Обновено снабдувањето со струја во поголемиот дел од Украина

12.10.2025 11:04

Киев возвраќа, Москва јавува за десетици соборени дронови и саботажа на железница во Ростов.

Украина го обнови снабдувањето со струја во поголемиот дел од земјата, но Доњецк и натаму е без напојување по најновите руски напади. Киев возвраќа, Москва јавува за десетици соборени дронови и саботажа на железница во Ростов. Зеленски изјави дека во телефонски разговор со Трамп добил сигнали за зајакнување на воздушната одбрана.

„Веќе одржав неколку важни меѓународни разговори – енергијата беше клучната тема. Работиме со нашите партнери за да обезбедиме доволна поддршка. Само системите за воздушна одбрана, гарантираат заштита. Работиме на нивно обезбедување. Разговарав детално и со претседателот Трамп и благодарен сум за подготвеноста да помогне. Светот гледа што прави Русија и како се обидува да ја искористи ситуацијата кога светските лидери се фокусирани на запирање на војната на Блискиот Исток“, изјави Зеленски.