Локални избори

Се интензивира изборната кампања

12.10.2025 10:25

Кандидатите за градоначалници во трка за доверба на граѓаните. Ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи.

Се интензивира изборната кампања за локалните избори пред молкот што започнува во петок на 17-ти октомври на полноќ и гласањето на 19-ти октомври. Партиите и коалициите продолжуваат со митинзи и средби со граѓаните.

Кандидатите за градоначалници во трка за доверба на граѓаните. Ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде меѓу жителите на Чучер Сандево, Свети Николе и Штип. СДСМ и коалицијата карванот го продолжуваат во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и Струмица.

Прес-конференции најавија и кандидатите за градоначалници од албанскиот политички блок. Активности ќе имаат и независните и вонпарламентарните партии.

Во фокусот на програмите на кандидатите се инфраструктурните проекти, изградба на водоводни мрежи, патишта, нови градинки и реконструкција на постоечките.

Граѓаните можат да слушнат ветувања за поголеми заложби во спортот, културата и туризмот за подобра општина и поголем локален развој.