Левица со активности во Куманово
Левица ја презентираше програмата во Куманово и Старо Нагоричане. Кандидатот за градоначалник Петковиќ ветува претпријатија за градски превоз и заловувања на кучиња. Нивен приоритет ќе биде и чиста и зелена животна средина.

Јавни претпријатија за градски превоз и заловување и стационирање на улични кучиња, реактивација на запуштените амбулантите, изградба на социјални станови, паркови и други проекти, се дел од ветувањата на Левица коишто ги дадоа пред граѓаните на Куманово, презентирајќи ја програмата. Кандидатот за градоначалник вети и реконструкција на градскиот пазар, поврзување на сите рурални средини. Ќе се залага и за активно учество на младите.
„Се залагаме 30 проценти од младите да бидат вклучени на раководни позиции во јавните претпријатија. Кумановци се сметаа за духовити луѓе, после 35 години погрешна управа ние како град сега сме смешни. Младите ќе го вратат духот на Куманово, менталитетот, исто како што на 11 Октомври младите тргнаа да го ослободат градот и државата од фашистите, така и денеска е потребно младите да бидат во институциите за да го изградат градот како што замислиле. Ние тоа мора да им го дозволиме“- изјави Петковиќ.
Од Левица во програмата ветуваат и уредување на напуштените објекти,
„Пораката кон граѓаните е за прв пат по 3 децении имаат реална опција која е народна која може да ја изберат. Во институциите и локална самоуправа сакаме Куманово да го ревитализираме, не бадијала го одбравме ова место е слика што се случува со Куманово последните 34 години“-нагласи носителот на советничката листа.
Левица ќе се залага и за паркови посветени на народните херои и бранителите.
Елена Георгиевска
