Меџити: Подобрување на условите за лицата со попреченост од сите аспекти
ВРЕДИ во својата програма ги опфати и правата и подобрувањето на условите за лицата со попреченост од сите аспекти образование, економска независност и општествена инклузија, вели кандидатот за градоначалник на Чаир од оваа коалиција, Изет Меџити. Тој најави дека еден од нив, ќе биде дел од неговиот кабинет како советник …

ВРЕДИ во својата програма ги опфаќа и правата и подобрувањето на условите за лицата со попреченост од сите аспекти, образование, економска независност и општествената инклузија, вели кандидатот за градоначалник на Чаир од оваа коалиција, Изет Меџити.
Тој најави дека едно од лицата, Ќамуран Исмаили, ќе биде дел од неговиот кабинет како советник и тоа не симболично, туку со целосно влијание кога станува збор за лицата со попреченост. Со тоа се покажува вистинската намера на ВРЕДИ во исполнувањето на програмата за овие лица, додаде Меџити.
Чаир ќе биде пример за општина која нема да разединува, туку ќе обединува, која не исклучува, туку овозможува, која не зборува за луѓето, туку работи заедно со нив и ги вклучува за да секој да добие исти можности и избор, додаде Меџити.
Фиљана Кока
