Локални избори

НАИ ветува годишна поддршка за пензионерите во Гостивар

12.10.2025 14:56

Националната алијанса за интеграција продолжува со претставување на изборната програма. Своите идеи и проекти за подобра општина денеска ги презентираше Валбон Лимани, кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на оваа коалиција.

Следната недела нашиот народ ќе ја изрази својата волја преку еден историски референдум. Албанците ќе одлучат за враќање на достоинството, за еднаквост, интеграција и понатамошен напредок – изјави Арбр Адеми.

Валбон Лимани, кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција вели, време е за ново поглавје, за долгорочно планирање и одржлив развој на градот.

За пензионерите, Лимани најави годишна помош од 30.000 денари.

Миле А. Ристески