„Здравствен хаб“ во Центар, најави Лабудовиќ
Движењето ЗНАМ продолжува со кампањата за локалните избори. Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ промовираше проект за грижа на здравјето на граѓаните – Здравствен хаб во општината …

Ваучери за бесплатни ехо прегледи на дојка во градскиот парк делеше Мирослав Лабудовиќ, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ. Според него локалната самоуправа има должност да гради улици и паркови, но многу повисок приоритет е грижата за здравјето на луѓето.
Ќе создадеме општина што се грижи, охрабрува и поддржува, општината не е само институција, туку и семејство, рече Лабудовиќ.
ЗНАМ со активности на терен и во Куманово. Најавија реконструкција на главните сообраќајници во централното градско подрачје на Куманово, како и поставување на нова сигнализација.
Наташа Јанчиќ-Менковски
