Локални избори
Развојот на културата во Скопје меѓу приоритетите на Трајановски
12.10.2025 16:17
Коалицијата „Искуство за успех“ предлага збогатување на настани каде уметниците ќе можат да ги презентираат своите дела, сцени за реномирани и нови музички автори.

Развој на културата и препознатливиот дух на градот во приоритетите на Коалицијата „Искуство за успех“. Враќањето на Скопскиот фестивал е само дел од предлозите во изборната кампања.
Коалицијата предлага збогатување на настани каде уметниците ќе можат да ги презентираат своите дела, сцени за реномирани и нови музички автори.
Трајановски со предлог и за организирање на годишен концерт на ансамбли за инструментална музика.
Марина Стојанова-Тонева
