Нови правила

Почна примената на ЕЕС системот на граничните премини во Шенген зоната

12.10.2025 17:21

Од денес, 29-те држави членки на Шенген зоната почнуваат постепено да го воведуваат новиот дигитален Систем за влез/ излез на граничните премини на нивните надворешни граници, за патници од трети земји. Новиот систем кој целосно ќе се применува од април идната година важи и за македонските граѓани …

Земјите членки на ЕУ и Шенген зоната од денес почнуваат етапно да го воведуваат новиот систем за влез и излез на патници кои доаѓаат од трети земји. Станува збор „ентри-егзит систем“ кој ќе се применува на сите гранични премини и аеродроми во 29-те држави од Шенген зоната. Новиот систем важи и за македонските граѓани кои се упатуваат во земјите-членки на Унијата, велат од МВР.

Новиот систем треба да биде целосно оперативен од април идната година. До тогаш, секоја земја-членка на Унијата етапно ќе мора да го применува. Македонските патници кои денес се упатуваа кон Грција слушнале дека има нови правила за влез.

Воведувањето на ЕЕС системот е да се подобри ефективноста и ефикасноста на контролите на надворешните граници на ЕУ и да се спречи нерегуларната миграција.

На „Богородица“, последните 48 часа според податоците на МВР, излез оствариле 7.089 македонски државјани.

Ване Трајков