Кочани

Родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ со едночасовни блокади

12.10.2025 16:48

Блокадите на сообраќајот ќе се одржуваат секој ден на кружниот тек кај мостот на улицата „Стево Теодосиевски“.

Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ почнаа со собири и едночасовни блокади сè додека не започне судскиот процес.

Блокадите на сообраќајот ќе се одржуваат секој ден на кружниот тек кај мостот на улицата „Стево Теодосиевски“.

Бараат зголемување на капацитетот на судскиот состав, рочишта без непотребни одложувања и транспарентно следење на сите процесни активности.