Петмина македонски фудбалери во УЕФА Европа лигата!

29.08.2014 14:30

Петтата сезона во УЕФА Европа лигата со форматот од 12 групи по 4 екипи, ќе има дополнителна димензија и привлечност, затоа што освојувачот ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главната промена, со цел втората по класа конкуренција да стане што попривлечна. Во неа сезонава се и екс -победниците и на двете клупски натпреварувања – Интер и ПСВ, потоа уште двајца европски прваци - Селтик и Стеауа, како и пет екипи што го освојувале Купот или Лигата на УЕФА – актуелниот Севилја, потоа Тотенхем, Наполи, Борусија Менхенгладбах и Феенорд.

Петтата сезона во УЕФА Европа лигата со форматот од 12 групи по 4 екипи, ќе има дополнителна димензија и привлечност, затоа што освојувачот ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главната промена, со цел втората по класа конкуренција да стане што попривлечна. Во неа сезонава се и екс -победниците и на двете клупски натпреварувања – Интер и ПСВ, потоа уште двајца европски прваци - Селтик и Стеауа, како и пет екипи што го освојувале Купот или Лигата на УЕФА – актуелниот Севилја, потоа Тотенхем, Наполи, Борусија Менхенгладбах и Феенорд. Македонскиот фудбал ќе го претставуваат петмина интернационалци, Пандев ако остане во Наполи, Јаховиќ – Ријека, Муарем – Карабах, Абдурахими – Локерен и Адеми – Динамо Загреб којашто е  една од четирите екипи со исто име, но од различен град.

Извлекувањето во Монте Карло вака ја одреди судбината на 48-те тима:

Група А: Вилјареал, Борусија Менхенгладбах, Цирих, АПОЛОН

Група Б: Копенхаген, Бриж, Торино, Хелсинки

Група Ц: Тотенхем, Бешикташ, Партизан, Астерас

Група Д: Салцбург, Селтик, Динамо Загреб, Астра

Група Е: ПСВ, Панатинаикос, Есторил, Динамо Москва

Група Ф: Интер, Дњипро, Сент Етјен, Карабах

Група Г: Севилја, Стандард, Феенорд, Ријека

Група Х: Лил, Волсбург, Евертон, Краснодар

Група И: Наполи, Спарта Прага, Јанг Бојс, Слован

Група Ј: Динамо Киев, Стеауа, Рио Аве, Алборг

Група К: Фиорентина, ПАОК, Генгам, Динамо Минск

Група Л: Металист, Трабзон, Легија, Локерен

По две екипи од секоја конкуренција ќе обезбедат шеснаестинафинале во коешто ќе им се приклучат и осум – третопласирани екипи од Лигата на шампионите. УЕФА Европа лигата почнува на 18-ти септември со преноси на Македонската телевизија. Финалето ќе се одигра во Варшава на 24 мај наредната година.