Фон дер Лајен в среда доаѓа во Скопје во рамки на турнејата низ Западен Балкан
Во Скопје таа ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска од Тирана ја започна тридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, во рамки на која в среда попладне ќе пристигне и во Скопје.
Во Скопје таа ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Фон дер Лајен денеска е во Албанија, каде се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама и учествува на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ. Во текот на турнејата, таа ќе ја посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
Од Европската комисија соопштуваат дека посетата е во знак на поддршка за евроинтеграцијата на земјите од регионот и за спроведувањето на Планот за раст на Западен Балкан, со кој се предвидува постепен пристап до Единствениот европски пазар.
