Македонија вечерва против Казахстан во клучен меч за пласман на СП 2026

13.10.2025 10:00

Победата ќе ги задржи шансите на „црвено-жолтите“ за настап на Мундијалот...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечер од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026.

Дуелот е од големо значење за „црвено-жолтите“, кои со евентуална победа ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот. Голманот Столе Димитриевски на прес-конференција истакна дека тимот е фокусиран на победа и повика на поддршка од трибините.

Нашата цел е јасна – да победиме. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат, рече Димитриевски.

Македонија моментно е лидер во групата Ј со 12 бода, пред Белгија со 11 и натпревар помалку, Велс со 10, Казахстан со 6 и Лихтештајн без бодови. 

 

Фото: ФФМ