МВР

Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетите на Пелегрини и Фон дер Лајен

13.10.2025 11:15

Во официјална посета на земјава ќе бидат претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен...

На 14-ти и 15-ти октомвти (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.

Во среда пак, во официјална посета ќе присуствува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.