САД без стратегија за соочување со ИСИС во Сирија

29.08.2014 14:40

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД сеуште немаат стратегија за соочување со Исламската држава во Сирија. Тој истакна дека се разгледуваат голем број опции. Додаде дека наскоро ќе го испрати Државниот секретар Џон Кери на Блискиот Исток за да разговара за тоа со регионалните партнери.

Обама порача дека е време државите на Блискиот Исток „да престанат да бидат амбивалентни“ во врска со целите на екстремистички групи како Исламската држава. САД веќе нападнаа цели на милитанти во Ирак, а официјални претставници на администрацијата соопштија дека претседателот разгледува слични акции во соседна Сирија.