Шпанија
Поројни дождови во Шпанија, издаден црвен метеоаларм
13.10.2025 20:04
Националната метеоролошка агенција на Шпанија, издаде црвен аларм за североисточниот шпански регион Каталонија...

Националната метеоролошка агенција на Шпанија, издаде црвен аларм за североисточниот шпански регион Каталонија. Масовни поплави предизвикани од обилните дождови заробија десетици луѓе во нивните возила.
Досега нема извештаи за смртни случаи или повредени лица. Агенцијата за цивилна заштита ги повика жителите да останат во своите домови, бидејќи се очекува дека дури 180 милиметри дожд би можеле да наврнат во областа за само 12 часа.
Обилните дождови и поплави се резултат на бурата Алис.
