Изречени две судски пресуди за градоначалникот Рамиз Мерко
Условна казна во времетраење од една година доколку делото не го повтори ви рок од две години заработи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директор во училиштето во Велешта. Денес судот на Мерко му изрече и втора парична казна за школото „Браќа Миладиновци“.

Условна казна во времетраење од една година за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, и парична казна во износ од 2.500 евра за школото „Браќа Миладиновци“.
Условна казна добија и двајцата вработени во училиштето во Велешта за фалсификување на исправа.
„Иако се земе предвид дека делата да се сторени со поврзани дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција, и тоа санкцијата, овој пат со оглед на олеснителните околности, ќе биде условна осуда, така што им се утврдува казна за траење од една година, којашто нема да се изврши доколку во рокот две години по правосилноста не сторат ново кривично дел“, рече судијата Јован Јорданов.
Обвинителот незадоволен, најави дека ќе поднесе жалба.
„Јас не очекував парично, но за првиот предмет требаше да биде осуден условно, за другиот предмет требаше да биде ефективно, заедно и со кривични дела треба да се осуди парично, а за другиот предмет треба да биде осуден условно“, вели обвинителот Џемал Лога.
Против струшкиот градоначалник Мерко има вкупно десет обвиненија за несовесно работење во службата. Во јуни годинава беше изречена првата обвинителна пресуда, за Мерко, парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување на директори во три училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.
Соња Рилковска
