ДКСК

ДКСК во најголем дел ги отфрли пријавите по изборните предмети

13.10.2025 12:44

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница постапуваше по изборни предмети, постапување по предмети, прашања, предлози пријави од укажувачи. Во однос на изборните предмети ДКСК во најголем дел ги отфрли пријавите...

Министерството за правда не постапило спротивно на Изборниот законик, Законот за корупција и Законот за судир на интереси, со објавата за доделување лиценци за вештаци во текот на изборниот процес, одлучи Државната комисија за спречување на корупција.

ДКСК констатираше дека нема елементи на прекршување на Изборниот законик, дотолку повеќе што за пријавата од непознат сторител за трговското радиодифузно друштво од Кичево кое доставило ценовник за платена политичка програма до Државната изборна комисија и истото е објавено на нивната веб страна, ДИК веќе постапил, и извршена е корекција.

За пријавата за вработување и унапредување во акционерско друштво со државен капитал и несоодветно користење на службено возило ДКСК со став да се стопира предметот бидејќки постапката за утврдување е во тек.

Комисијата ја отфрли и пријавата за изнајмување на јавен простор на физичко лице за поставување на опрема за панаѓур во Неготино. Од општината навеле дека станува збор за традиционален настан со фиксни датуми. ДКСК констатира дека не е прекршен Изборниот законик.

По сопствена иницијатива ДКСК отвори предмет за 5 члена на надзорниот одбор на Развојна банка кои во законски утврдениот рок не поднеле изјава за имотната состојба.

 

Марина Стојанова Тонева