Претседателот Иванов се сретна со турскиот претседател Ердоган и со премиерот Давутоглу

29.08.2014 14:49

Учеството на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, беше можност шефот на државата да оствари неформални средби со негови колеги.

На средбите со Ердоган, и со новиот премиер, Давутоглу, нагласено взаемното задоволство што двете земји традиционално негуваат исклучително пријателски односи, кои се на ниво на стратешко партнерство. Взаемен заклучок е дека во наредниот период во фокусот на соработката треба да бидат економијата и инвестициите.