Активности на кандидатите на Националната алијанса за интеграција
Кандидатите на Националната алијанса за интеграција ги претставуваат програмите. Османи најави обнова на фасадите и поставување лифтови во зградите во Чаир, за што ќе се бараат пари и од европските фондови, кои според Османи досега не биле искористени. Кандидатот за Студеничани, пак, вети развој на општината...

Менување фасади, ставање нови и реновирање на амортизираните лифтови, регулирање на просторот околу зградите ќе биде еден од приоритетите на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи.
Визија за обединета и развиена општина Студеничани има кандидатот за градоначалник на Студеничани, Ејуп Абази.
Абази посочи дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе ги заврши и ќе ги стави во функција водоводните системи во Долно Количани, Батинци, Студеничани и Моране.
Фиљана Кока
