РКЕ

Горивата поевтинуваат од полноќ

13.10.2025 13:34

Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика...

Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 73 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за еден денар, и ќе изнесува 75 денари по литар.

Се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68 денари по литар.

За 0,5 денари се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство и од 68, од утре ќе се продава за 67,5 денари. Само цената на мазутот останува непроменета, односно 36,7 денари по килограм.