ЗНАМ со активности на терен
Центар ќе стане општина што ќе создава можности за младите претприемачи, рече кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. Тој најави формирање фонд за поддршка на локалната економија и фестивал на локални производи. Кандидатите за советници од ЗНАМ за Куманово, пак, рекоа дека нивен приоритет е обезбедувањето нови зелени површини и паркови во градот. Од ЗНАМ најавија пет нови паркови, нови фонтани за пиење вода, јавни тоалети и друга урбана опрема...

Ќе формираме фонд за поддршка на локалната економија преку кој младите ќе можат да добијат грантови и пристап до ресурси коишто ќе им помогнат идејата да ја претворат во бизнис. Ќе им дадеме шанси на стартап компаниите, рече кандидатот за градоначалник на центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.
Кандидатите за советници од ЗНАМ во Куманово презентираа дел од програма за дрвореди и нови паркови, уредување на речните корита со зелени површини, трим патеки и урбана опрема.
Лидерот на ЗНАМ Димитриевски во Куманово се бор за нов мандат.
Игор Панов
