Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“
Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 е осуден на петгодишна казна затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Кривичниот суд донесе нова пресуда во повторената постапка, со нешто поблаги казни во однос на првата од 2022-та година.

Помала казна затвор добија обвинетите на повтореното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Првообвинетиот Бојан Јовановски од првичните 9, за измама и перење пари е осуден на 5 години казна затвор. Јасна Ерцеговиќ сега доби затворска казна од две години, во која влегува и времето поминато во куќен притвор, а условни казни добија Христина Блажевска и таткото на Бојан, Миле Јовановски.
Одбраната најави жалба до Апелација.
Паричната казна за правното лице „Меѓународен сојуз“ останува еден милион денари.
Кривичен ја изрекува пресудата по вторпат, откако Апелација ја укина првата пресуда и предметот го врати на повторно одлучување.
Викторија Милевска
