кабинет

Претседателот на Словачка во посета на Македонија

14.10.2025 08:25

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на Македонија. По официјалната церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, ќе има средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на Македонија. По официјалната церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, ќе има средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите.

Во рамки на посетата ќе биде потпишан меморандум за соработка во областа на економијата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и словачкиот министер за економија, Владимир Шимоњак.

Пелегрини ќе оствари средба и со претседателот на собранието, Африм Гаши.

Фото: Фејсбук / Петер Пелегрини