Продолжува предизборната трка
Се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности...

Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока.
Меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска на средби со граѓани и митинзи во Пробиштип, Кратово, Ранковце и во Крива Паланка. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Сарај, Чаир, Новаци, Ресен и Битола.
На терен, со претставување на своите програми, и Националната алијанса за интеграција и коалицијата „Вреди“. Не помалку активни се и помалите политички партии и независните кандидати за градоначалници и советници.
