Македонија и Казахстан ремизираа во Скопје
Гостите поведоа во 54. минута преку Караман. Македонија изедначи во 74. минута со прецизен слободен удар на капитенот Барди од околу 27 метри.

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против Казахстан во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Гостите поведоа во 54. минута преку Караман. Македонија изедначи во 74. минута со прецизен слободен удар на капитенот Барди од околу 27 метри.
Нашите фудбалери имаа неколку добри шанси, особено преку Ристовски, но голманот на Казахстан не дозволи нов погодок. Во последните секунди Серафимов имаше можност за победа, но шутираше крај голот.
По овој резултат, Македонија има 13 бодови, Белгија води со 14 по триумфот над Велс (4:2), додека Казахстан стигна до 7 бодови. Последниот натпревар нашата селекција ќе го одигра на 18 ноември во Кардиф против Велс.
Фото: ФФМ
