Денеска состанок со новата влада со Макрон
Прва средба на новоназначениот кабинет во Франција пред денешниот состанок на новата влада со претседателот Макрон...

Прва средба на новоназначениот кабинет во Франција пред денешниот состанок на новата влада со претседателот Макрон. Според премиерот Лекорну, единствена мисија е да се надминеме политичката криза.
„Посакувам оваа влада навистина да ја одрази различноста. Не размислувате сите исто, не гласавте сите на ист начин на последните избори, какви и да беа, во секој случај, последните гласачки ливчиња, имате разновидност на перспективи, и на крајот, тоа е она што го сакав. Посакувам влада на слободни поединци“, изјави Себастијан Лекорну, премиер на Франција.
Лекорну првпат беше назначен за премиер на 9 септември, поднесе оставка на само 27 дена на функцијата. По преговорите со парламентарните партии по барање на францускиот претседател, Лекорну во петокот повторно беше назначен за премиер. Во меѓувреме „Непокорна Франција“ и „Национален собир“ одново поднесоа барања за гласање недоверба на новата владата.
