Над 60 жртви и десетици исчезнати во поплавите во Мексико
Стотици куќи се целосно уништени, особено покрај бреговите на реките. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека изобилните дождови зедоа 29 жртви во државата Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив и 21 лице во државата Идалго, северно од Мексико Сити.

Најмалку 64 лица загинаа и уште толку се водат за исчезнати во поплавите во Мексико. Стотици куќи се целосно уништени, особено покрај бреговите на реките. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека изобилните дождови зедоа 29 жртви во државата Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив и 21 лице во државата Идалго, северно од Мексико Сити.
„Речиси да останевме уште малку водата ќе нè стигнеше. Кога излеговме, се огласи сирената и реката веќе се излеа. Заминавме и не спасивме ништо, едвај најосновните работи. Искрено, тоа беше многу вознемирувачко, многу луѓе останаа во соседството, а некои загинаа“, изјави жител.
„Дознавме дека потокот од другата страна е преполн и си заминавме со малкуте алишта што можевме да ги земеме. Кога се вративме следниот ден, не можевме да влеземе бидејќи беше поплавено. Не можеше да се види мојата куќа, можеше да се види само мал дел од неа“, рече друг жител.
Мексиканските власти распоредија илјадници војници за да помогнат во евакуацијата и расчистувањето на областите на брегот на Мексиканскиот Залив и во централните држави кои беа најтешко погодени од дождовите што предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави.
