МВР

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

14.10.2025 14:01

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана...

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.