Свет
Kинa останува отворенa за дијалог со Вашингтон по најавите на Трамп за нови царини
14.10.2025 15:09
Шефот на Белата Куќа пред четири дена објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинеските производи на први ноември, покрај оние што веќе се во сила...

Министерството за трговија на Кина соопшти дека ако биде потребно ќе се бори до крај, но остануваат отворени за дијалог со Вашингтон по најавите на претседателот Трамп дека ќе воведе нови царини.
Шефот на Белата Куќа пред четири дена објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинеските производи на први ноември, покрај оние што веќе се во сила. Трамп истакна дека реагира на најавата на Пекинг за ограничување на извозот на ретки минерални технологии.
