Абази од НАИ ги претстави приоритетите за Студеничани
На собирот се обратија и претседателот на Алијанса за Албанците, Таравари и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ветувам дека проблемот со водоводот во Студеничани, Долно Количани, Батинци и Драчевица до следните избори ќе бидат затворен. Улиците и уличките во населените места сите ќе бидат изградени и поправени на ист начин. Ќе има градинка во Студеничани и Батинци, училиште со модерни услови за одвивање на наставата, организиран превоз на учениците и Ве уверувам дека политиката ќе биде далеку од образовните институции, рече кандидатот за градоначалник на Студеничани од НАИ, Ејуп Абази.
На собирот се обратија и претседателот на Алијанса за Албанците, Таравари и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Верувам дека сите други заедници во Македонија многу повеќе ја сакаат земјава од Македонците, не знам зошто е тоа така, не знам можеби е комплекс во прашање, но гледам дека како да сакаат да ја уништат Македонија, да ѝ создаваат проблеми без волја да ги почнат преговорите за членство во Европската унија, а тоа е единствена гаранција за нејзиното постоење, функционирање и развој и за враќање на нашите од странство“, изјави Таравари.
„За да се зачлени земјата во ЕУ треба да продолжи да работи со посветеност како и претходните 20 години. И да, Охрид ја однесе Македонија во НАТО и преку Охрид ќе влезе во ЕУ, нема друг пат. Не се оди во ЕУ преку Москва и Белград, туку преку Охрид. Не ќе може никој да го руши Охридскиот договор како што посакаа со употребата на јазикот“, нагласи Ахмети.
Тие ги повикаа жителите на Студеничани да го дадат својот глас за оваа коалиција.
Фиљана Кока
