Старите објекти се потенцијална опасност за жителите на Куманово
16 руинирани објекти во центарот на Куманово одамна се закана за минувачите. Полека се распаѓаат под забот на времето, напуштени и незаштитени. Од одделението за урбанизам велат дека и без барање на сопствениците, постепено ќе бидат урнати.

Старите напуштени куќи во центарот на Куманово во најголем дел се на прометни улици претставуваат сериозна закана по животот на пешаците и возачите. Со страв поминуваме покрај старите куќи кои секојдневно се распаѓаат.Во секое време може да ни паднат на глава греди и керамиди од кровот или малтер од дотраените фасади велат граѓаните.
„Да се опсани тоа е очигледно не само за нас, туку и деца си играат тука, доволно е една керамида да падне и да повреди некого“.
„Срамна слика за градот се овие куќи.Од друга страна и луѓето што живеат во нив се изложени на ризик“.
„Сметам дека треба да се срушат, но сопствениците потоа пак да си се вселат да не ги избркаат“, изјавија анкетираните кумановци.
16 објекти во Куманово се прогласени за сколнопадни, а само еден од нив е урнат.
Процедурата за уривање на руинураните објекти се одвива или на барање на сопственикот или пак по налог на надлежна инспекција.Од општинскиот сектор за урбанизам информираат дека овие објекти ќе бидат срушени и во случај сопствениците да не се согласни на овој чекор.
„Се јавува проблем што најголем дела од овие куќи се во приватна сопственост и газдите не сакаат да соработуваат со Општината и не се свесни за ризикот да се живее во вакви објекти.Во секој случај од наша страна се изготвени проекти и ќе биде издаден налог до надлежните инспекции за нивно рушење“, информира, Лидија Ланг Спасовска раководител на сектор за урбанизам.
Инаку, трошоците за уривање и расчистување на шут паѓаат на сметка на сопствениците на куќите.
Габриела Димковиќ
