Интеграции

Мицкоски: Членство во ЕУ, но со достоинство

14.10.2025 14:32

На утрешната средба со шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, премиерот Мицкоски очекува реафирмирање на позициите дека наша стратегиска цел останува членството во Европската унија, но како што вели, со зачувани образ и достоинство. Македонија отвора свој центар за вештачка интелигенција. Со заедничко кофинансирање од 5 милиони евра, експерти и студенти ќе може да ги користат ресурсите за развој на технологијата.

На средбата со шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Скопје, Премиерот Мицкоски очекува реафирмирање на позициите дека наша стратегиска цел останува членството во Европската Унија, иако како што потенцира, во изминатите 25 години како да го изгубивме образот чекорејќи го тој пат. Шефот на Владата бара конкретни чекори и од Брисел.

„Се надевам дека и Брисел ќе испорача, за барем малку да зачуваме од тоа достоинство пред да влеземе во ЕУ, бидејќи со изгубен образ и без достоинство и нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и од образот“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Македонија отвора свој центар за вештачка интелигенција, експертите и студентите ќе можат да ги користат домашните ресурси. По најавите од Фон дер Лајен, еден проект добива нашата држава, а еден проект Србија. Проектот на Министерството за дигитална трансформација е во соработка со ФЕИТ и ФИНКИ, а заедничкото кофинансирање вреди 5 милиони евра.

Европската комисија најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ во седум земји-членки и шест партнери на Европската Унија, меѓу кои и Македонија. 

 

Милчо Велески