Почна судењето за случајот „Талир 2“, на Груевски ќе му се суди во отсуство
Одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото...

Во Кривичниот суд одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото.
Судот претходно замрзна поголем дел од имотот на партијата. Станува збор за главното седиште и уште триесетина штабови. Со нова одлука од денешното рочиште, партијата ќе може да го издава имотот, но парите ќе мора да ги депонира на посебна сметка кои ќе останат замрзнати се до носење на правосилна пресуда.
