Локални избори 2025
Активности на „Левица“ во источна Македонија
14.10.2025 16:46
Народот бара промена на системот којшто 34 години го создаваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, порачаа од „Левица“ на средбите во источна Македонија...

Континуитетот на „Левица“ во штипскиот општински совет ќе продолжи и во следните четири години, вели носителот на советничката листа Михајловски. Уверен е дека на овие локални избори, ќе освојат повеќе гласови, во споредба со претходните.
Нема да ги изневерам очекувањата на кочанчани, истакна кандидатката за градоначалничка Свеќаровска. Вели, градот мора да се врати на граѓаните.
Народот бара промена на системот којшто 34 години го создаваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, порачаа од „Левица“ на средбите во источна Македонија.
Марија Котовска
