Претставена програмата на ЗНАМ за младите
Развој на културата, со поддршка на млади таленти и богата програма, ветуваат од движењето за наша Македонија ЗНАМ. Советничката листа на ЗНАМ во Куманово најавува уредување на културните објекти, младински катчиња...

Инвестиции за младите, подобра инфраструктура, економија, модерно и европско Куманово, ветуваат од советничка листа на движењето за наша Македонија, ЗНАМ Куманово. Најавуваат нови спортски игралишта, паркови, реконструиран Дом на пионери, младински центар.
„Ние – Движењето ЗНАМ, имаме зацртано мноштво конкретни проекти со кои ќе докажеме дека сме вистински партнер на младите и студентите. Денес, повеќе од кога било, веруваме дека иднината на нашата заедница се гради со младинска енергија, идеи и посветеност. Ние не сакаме младите да заминуваат, сакаме да останат, да создаваат и да сонуваат дека можат да го променат светот токму овде. Затоа ја градиме општината како отворено место за нивните визии“, истакна Тамара Тренчевска, кандидатка за советничка ЗНАМ Куманово.
Од ЗНАМ информираат и ќе се залагаат за претприемаштво за младите, финансиска поддршка.
„Поддршка за талентирани ученици преку стипендии, промоција на иновации и поттик за млади уметници. Стипендии и награди за спортистите како поттик за нови достигнувања. Стипендии за првенците на генерација. Субвенционирање за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Open Space / chill зона и скејт-парк: простор за дружење и неформални активности. Поддршка за развој на street art активности на млади уметници. Организирање наградни натпревари меѓу општинските училишта со цел поттикнување на натпреварувачкиот и на тимскиот дух, дружење и мотивација за најдобрите тимови“, дополни Тренчевска.
Се најавува и богата културна програма, креативни работилници, поддршка за концерти.
Елена Георгиевска
