Прифатен центар за странци:129 мигранти ја чекаат својата судбина
Овие луѓе од родното огниште бегаат од економски причини, но се почесто од војните разгорени во нивните држави. Со себе носат малку облека и пари кои ги трошат по криминалци кои ги префрлаат од едно на друго место.

Оваа жена е од Сирија. Оттаму со своето дете тргнала да го бара својот маж кој веќе една година е во Австрија. Заедно со уште две сиријки пред неколку месеци тргнале на долгиот пат. Со брод стасале во Турција, потоа во Грција, а пеш влегле во земјава. Ги презел човек на кого му платиле за превоз до српската граница. На половина пат ги пресретнала полицијата. Сега се во прифатниот центар за странци.
„Со самото доаѓање на странските државјани, се врши здравствен преглед од страна на лекари, посебно од земјите кои се зафатени со заразни заболувања, и тоа Нигерија, Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне“, рече Петар Саревски, управник на Прифатниот центар за странци.
Им се дава храна, прибор за хигиена и се што им е неопходно. Можат да останат една година.
Овде во прифатниот центар за странци во моментов има 129 мигранти. 13 се жени се 13, 12 деца, останатите се мажи.
Во 2013-та биле згрижени 573 мигранти.Се очекува годинава бројката да биде поголема.
Овие луѓе од родното огниште бегаат од економски причини, но се почесто од војните разгорени во нивните држави. Со себе носат малку облека и пари кои ги трошат по криминалци кои ги префрлаат од едно на друго место.
Македонската полиција под будно око ги следи движењата на илегалните мигранти. Неколку години наназад во земјава има наплив од нив.
„Само во последните шест месеци, односно во првите шест месеци од оваа година откриени се триесеет кривични дела кои се однесуваат на криумчарење на мигранти и за овие кривични дела пријаве ни се 46 сторители, притоа откриени се 203 мигранти“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
За сите илегални мигранти се води судска постапка. Во некои случаи таа брзо се завршува, а за некои се чека и по 3 месеци и повеќе. Следува нивна реадмисија, враќање во родната земја, а малкумина кои бараат азил се префрлаат во прифатниот центар за азил. Во центарот се сместуваат и жртвите на трговија со луѓе. Тие најчесто се од балканските држави, но нивниот број е значајно намален.
Наташа Гркова-Петрушевска
