Разрешениот директор на Неврологија имал момент на слабост, вели Мицкоски
Разрешениот директор на неврологија, доктор Игор Кузмановски имал импозантна биографија, она што се виде на видеото е момент на слабост што ќе го следи до крајот на животот, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали ќе побара одговорност од министерот за здравство. Од Лекарската комора сè уште не закажале состанок на кој ќе се разгледа случајот со разрешениот директор на Неврологија на кој ќе се одлучи дали ќе му биде одземена лиценцата.

Разрешениот директор на неврологија, доктор Игор Кузмановски имал импозантна биографија, она што се виде на видеото е момент на слабост што ќе го следи до крајот на животот, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали ќе побара одговорност од министерот за здравство.
Видеото на кое се гледа како доктор што меша бела прашкаста материја, ја поттикна јавноста и фелата да бараат на лекарите да им се прават токсиколошки анализи.
Од Лекарската комора сè уште не закажале состанок на кој ќе се разгледа случајот со разрешениот директор на Неврологија на кој ќе се одлучи дали ќе му биде одземена лиценцата. Вчера обелоденија дека лиценцата му била важечка до 15-ти март годинава. Докторот го користел факсимилот, иако немал лиценца од Фондот за здравство објаснуваат:
„Доктор Игор Кузмановски во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680. Истиот е активен во рамките на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен помеѓу Фондот и Универзитетската клиника за неврологија – Скопје.“
Од Фондот објаснуваат дека пред една година до Комората барале електронско поврзување на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци до Лекарската комора не одговориле на барањето.
Наташа Јанчиќ – Менковски
