Интегрирањето на Македонија во ЕУ во фокусот на разговорите меѓу Пелегрини и Сиљановска-Давкова
Интегрирањето на Македонија во Европската унија во фокусот на разговорите меѓу словачкиот претседател Пелегрини и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова...

Интегрирањето на Македонија во Европската унија во фокусот на разговорите меѓу словачкиот претседател Петер Пелегрини и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Заеднички заклучок местото на земјава е во унијата бидејќи досега направи многу резултати, но и одстапки. Не можам да прифатам двојни стандарди, ЕУ си игра со напорите и довербата на оваа земја директен Пелегрини. Членството не треба да се обременува со политички спорови.
Не требаат ирационални условувања, единствено релевантно е спроведувањето на копенхашките критериуми засновани на заслуги и резултати – посочува Сиљановска Давкова. Соочени сме со тектонски промени во светот, нашата надворешна и безбедносна политика е комплетно усогласена со унијата и затоа е потребно реинтегрирање во ЕУ-вели македонската претседателка.
Поддршката од Словачка не изостанува, но претседателот Пелегрини сепак за влез на нова членка во Европската унија, вели дека подобро е колективното одлучување, наспроти квалификуваното мнозинство. Како што вели тој, преку правото на вето се елиминира влијанието на големите во Унијата.
Миле А. Ристески
