НАТО: Русија е воен агресор и бесрамно го крши суверенитетот на Украина
Властите во Украина и многу западни држави ја обвинија Русија дека нејзините трупи активно учествуваат во судирите на истокот на земјата. Истиот став го дели и НАТО. По сателитските снимки за руската инвазија и итниот состанок во Брисел, генералниот секрeтар Андерс Фог Расмусен со став – Русија е воен агресор и бесрамно го крши суверенитетот на Украина.

Властите во Украина и многу западни држави ја обвинија Русија дека нејзините трупи активно учествуваат во судирите на истокот на земјата. Истиот став го дели и НАТО. По сателитските снимки за руската инвазија и итниот состанок во Брисел, генералниот секрeтар Андерс Фог Расмусен со став – Русија е воен агресор и бесрамно го крши суверенитетот на Украина.
„И покрај проѕирните негирања на Москва, сега е јасно дека руските војници и опрема нелегално ја минале границата во Украина. Ова не е изолирана акција, туку стратегија со цел да се дестабилизира Украина како суверена држава. Руските сили се ангажирани во директни воени операции во Украина. И покрај се, остануваат да ги држат на готовс копнените воени трупи крај границата“, рече Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.
САД ја обвинија Русија, но отфрлија воена акција. И Обама и Меркел велат дека руските акции нема да минат без последици.
„Русија намерно и континуирано го крши суверенитетот на Украина. Но светот ги виде снимките. Како резултат на овие дејствија веќе презедовме санкции со нашите европски и меѓународни партнери. Русија е изолирана повеќе од кога било, па и од времето на студената војна“, рече Барак Обама.
Киев побара поддршка од НАТО во борбата со бунтовниците коишто почнаа контраофанзива за повторно заземање на неколку области во источна Украина. Москва ги отфрли ваквите обвинувања. Го повика западот да сфати дека проблемот се украинските власти кои одбиваат да почнат преговори со проруските сепаратисти.
,,Време е да ги принудите украинските власти да почнат суштински преговори. Да се разговара за значајни, а не само за технички прашања, прашања кои се од хуманитарна природа, како размена на заложници и слично“, рече Владимир Путин, претседател на Русија.
Во најновиот извештај на Oбединетите Нации се вели дека во конфликтот во источна Украина досега се убиени 2 илјади и 600 луѓе, а забележани се и сериозни кршења на човековите права, вклучувајки и киднапирања и тортури, пред се, од страна на про-руските сепаратисти.
Бојана Крстевски
