Локални избори 2025

Меџити на средба со Стопанската комора на северо-западна Македонија

14.10.2025 17:26

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, од коалицијата „Вреди“ во рамките на изборната кампања имаше средба со претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија во индустриската зона Визбегово. се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, како што е пристапот до индустриската зона Визбегово...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, од коалицијата „Вреди“ во рамките на изборната кампања имаше средба со претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија во индустриската зона Визбегово.

Според Меџити се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, како што е пристапот до индустриската зона Визбегово, за кој е потребна итна интервенција. Завршувањето на клучката кај Момин Поток ќе биде еден од неговите приоритети. Според Меџити, Визбегово е зона со огромен потенцијал, простор за развој на мали, средни и големи бизниси.

Средбата, според кандидатот за градоначалник на Чаир, Меџити, е само почеток на отворен дијалог меѓу општината и стопанските комори кој ќе развој и нови перспективи.

Игор Панов