Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв
Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен попладне доаѓа во Скопје. На средбите со државниот врв се очекува реафирмирање на поддршката за членство во Унијата...

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен попладне доаѓа во Скопје. Македонија е последната станица на шефицата на Европската комисија по Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија, Косово. Фон дер Лајен во Македонија ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Ова е петта посета на претседателката на Европската комисија на регионот за ја повтори важноста на Западниот Балкан за ЕУ.
Наша стратешка цел останува членството во европското семејство, но како што вели премиерот Мицкоски, со зачувано достоинство. По поддршката од Брисел, Македонија отвора национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“.
