Јанакиески: Ќе се гасифицира цела Македонија
Владата неодамна ја усвои физибилити студијата за склучување јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас во источна и во западна Македонија. Огласот ќе се објави во гласило на Европската унија и во престижниот Фајненшл тајмс.
Вкупната инвестиција за дистрибутивната мрежа долга над 650 километри е 150 милиони евра од кои 100 се за скопскиот регион, а 50 за другите два, источниот и западниот.

„Споредбено со скопскиот регион условите се намалени се со цел да имаме поголем број на компании кои може да учествуваат. Имено компанијата треба да има искуство за изградба, оперирање со дистрибутивни системи на природен гас во урбани средини во псоелдните пет години непрекинато. Системите за дистрибуција на природен гас, со кои оперира економскиот оператор, треба да имаат најмалку 7 илјади корисници. Минимален годишен приход од 20 милиони евра за последните три години за секоја година поединечно и спосбност целосно да ја затвори финансиската конструкција“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.