Трамп сака да ги врати починатите заложници од Газа, го предупреди Хамас да се разоружат
Израелската војска соопшти дека синоќа од Црвениот крст ги презела телата на уште четири убиени заложници. Претседателот Трамп изјави дека сака да ги врати починатите заложници од Газа и го предупреди Хамас да се разоружат...

Израелската војска соопшти дека синоќа од Црвениот крст ги презела телата на уште четири убиени заложници. Претседателот Трамп изјави дека сака да ги врати починатите заложници од Газа и го предупреди Хамас да се разоружат.
„Не морам да ви го објаснувам тоа. Но, ако не се разоружат, ние ќе ги разоружаме. Тие знаат дека не играм игри. Сега, направивме нешто монументално. Ги вративме заложниците. Тоа беше првото нешто што мораше да го направиме. Сега, тие погрешно се претставија затоа што ни беше кажано дека имаат 26, 24 мртви заложници, ако можеме да ги користиме тие термини. И се чини дека го немаат тоа затоа што зборуваме за многу помал број. Но, тоа е многу тешка тема. Сакам да се вратат“, изјави Доналд Трамп, претседател на Трамп.
Шефот на Белата куќа ги даде коментарите недолго откако Израел објави дека ќе го преполови протокот на хуманитарната помош за Газа, бидејќи Хамас бавно ги враќа починатите заложници.
