Митинг на СДСМ и коалицијата во Битола
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое институциите ги гледа како политички плен и владее преку страв нас како главен адут ни се чесните луѓе кој ќе ги вложат сите свои напори да го вратат сјајот на некогашна Битола …

Од најградскиот град во земјава испраќам порака што ќе ја слушне цела Македонија. СДСМ се враќа со јасна визија, длабока самосвест и поголема одговорност. Се враќа со работа, чесни ветувања и со луѓе што знаат да се биде на страната на народот и се тука за да служат а не да владеат рече лидерот на СДСМ Венко Филипче. Дефинитивно се покажува дека оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира, гази по човековата демократија, напредокот и правичноста. Гледаме дека ова не е Македонија како што ја заслужуваме ниту Битола како што ја посакуваме. Имаме власт што гледа на институциите како економски плен и владее со страв и заплашување.
Битола чекори кон голема провалија таа е болна а ја водат медицински лица време е за пресврт, да и ја вратиме гордоста, културата и духот на најопеаниот град во Македонија. Имаме локална власт која зборува многу а прави малку, власт која не слуша туку се правда зошто не направила или погрешно направила. Власт која ја претвори општината во затворен круг на неколку луѓе а граѓаните ги остави надвор во мракот, калта и маглата рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата Методија Куновски.
На митингот беа претставени и кандидатите за советници во битолскиот совет а носителот на листата Петар Николовски рече дека в недела граѓаните ќе кажат големо не на политиката на досегашниот градоначалник Тони Коњановски и неговата политичка равенка со многу непознати.
Стевче Митревски
