Аналитичарите по самитот во Берлин: Неопходно е враќање на опозицијата во Парламентот

29.08.2014 17:07

Македонија има доволно време во наредните четири години да одговори позитивно на задачите што ги делегираше германската канцеларка. Берлинскиот Самит е доказ дека нема веќе простор за одлагање на проблемите, вели за МТВ аналитичарот Маричиќ.

И експертската јавност го дели ставот на Европа дека е неопходно внатреполитичко консолидирање и враќање на опозицијата во Парламентот.

„Проектот евроинтеграција кој е врвен приоритет подразбира дека сите фактори во земјата треба да бидат вклучени во него и затоа е важно и опозицијата кај нас, како и во некои други балкански држави акде што е моментално надвор од парламентот, да биде вклучена, да се изнајдат решенија, активно да партиципира во спроведувањето на овие решенија, кои се однесуваат на државата во целина, а не само на одделни партии и одделни етнички групи“, вели Огнен Малески, амбасадор.

„Мислам дека е интерес и на самата опозција што побрзо да се врати во парламентот и на тој начин да го задржи својот статус кој го има во општеството и да ја игра улогата која ќе биде добра и за неа и за сите граѓани на оваа држава“, вели Ристо Никовски, амбасадор.

Македонија има доволно време во наредните четири години да одговори позитивно на задачите што ги делегираше германската канцеларка. Берлинскиот Самит е доказ дека нема веќе простор за одлагање на проблемите, вели за МТВ аналитичарот Маричиќ.

„Тоа треба да ни биде јасно дека повеќе трпение за балканските проблеми и разбирање за спецификите нема да има толку колку што имало во минатото. Планот на оваа комисија, која што сега треба да стапи на сцена и која што треба да работи до 2014 до 2019 година, нема да има на агендата ново проширување, меѓутоа тоа е период кој што треба да биде искористен токму за решавање на овие крупни проблеми и за отклонување на сите пречки за идното проширување, вели Бојан Маричиќ, аналитичар.

„Според зборовите на Меркел, ние веќе земјите од Западен Балкан се на споредниот колосек, меѓутоа сепак многу важна економскта потпора, економскта поддршка што ќе ја имаме од еден економски гигант, како што е Германија. Јас сум оптимист дека сепак Германија ќе настојува овие земји економски да ги поддржи“, вели Хасан Јашари, аналитичар.

Проширувањето, велат експертите, иако не е приоритет на Унијата остава простор земјите економски да зајакнат и да ги реализираат стратешките реформи. Европа за следните шест години најави помош од 12 милијарди евра, а 20% од овие фондови се наменети за регионални проекти.

 Анита Димитријевска