Гасификација - цели на ЕУ и Македонија
Проектот за гасификација на земјава, вреден 150 милиони евра, предвидува целиот процес да заврши најрано до 2020-та , кога сите општини би добиле природен гас.

Се поскапата енергија ги натера и најбогатите да штедат уште повеќе. Сметката е едноставна, да ја намалат потрошувачката на енергија и да го намалат увозот на енергенси. Европската комисија јавно ги прокламира целите. Подобрувајќи ја енергетската ефикасност да ја намали потрошувачката за 30% , а се однесува еднакво и за индустриските потрошувачи и за домаќинствата. Европејците се убедени дека се на добар пат, бидеејќи состојбите последниве години се драстичнои подобрени. Новите згради користат за половина помалку енергија, отколку пред 30 години, а индустријата за 19% помалку во однос на 2001-ва.
„Со постигнување на овие цели имаме шанса за маркетинг со модерни производи и зајакнување на иновациите во Европа. Со паметно таргетирање и со ефикасни мерки ќе креираме основи за апарати за домаќинство и за возила и за една нова генерација на индустриски производи што трошат помалку енергија “, рече Отингер, потпретседател на ЕК и одговорен за енергетиката.
Проектот за гасификација на земјава, вреден 150 милиони евра, предвидува целиот процес да заврши најрано до 2020-та, кога сите општини би добиле природен гас. Концесионерите преку јавно приватно партнерство би добиле право на експлоатација на дистрибутините системи во трите региони за период од 20 години, државата надомест од најмалку 1 % од вкупниот приход, а граѓаните ефтин гас кој би ги намалил трошоците за 25 до 45% во однос на горивата што сега се користат.
„Разликата во цена на другите енергенси во однос на природниот гас стана толку чувствителна така што на сите потенцијални корисници им се исплаќа да инвестираат“, вели д-р Константин Димитров, универзитетски професор.
Гасификацијата на скопскиот регион е чекор пред другите два. Во септември ќе се знае кои компании одат во втората фаза, а веќе наредната недела ќе биде објавен и меѓународниот тендер за избор на компании кои би биле концесионери на гасните дистрибутивните мрежи во источниот и во западниот регион.
Свето Николовски
