Македонија ќе дозволи сурогат мајчинство
Предлог законот за сурогат мајчинство влегува во Собрание. Жената што ќе роди дете за друг брачен пар треба да го стори тоа од хумани причини, а не на овој концепт да гледа како на бизнис. Брачните другари на сурогат мајката ќе и ги плаќаат месечните трошоци за бременоста, без дополнителни награди. За злоупотребата предвидено е казна затвор до 10 години.

„Давање на било каква материјална корист, дали е тоа препишување на акции, давање на благородни материјали, дијаманти или било каква друга материјална корист ќе се смета за кривично дело и за тој што дал и за тој што примил. Можеби овие кривични дела тешко се докажуваат или тешко се превенираат, но постои превенција која сакаме да ја обезбедиме преку инкриминирање на на ова кривично дело со висока казна затвор“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.
Секој брачен другар кој од здравствени прични не може да има поколение, ќе може два пати да конкурира за сурогат мајка која на ваков начин не смее да роди повеќе од едно дете. Таа мора да биде државјанин на Македонија, да не е осудувана на затворска казна поголема од шест месеци и да е психофизички здрава.
Сурогат мајка може да биде жена која е постара од 25 години и има родено барем едно дете. Таа ќе треба да помине сериозно психолошко и правно советување.
Сурогат мајчинството функционира во Англија, САД, Канада, Русија, Холандија и во други земји.
Андријана Атанасовска