Локални избори 2025
Советничката листа на ЗНАМ ќе се залагаат за современ и организиран Прилеп
15.10.2025 17:50
Кандидатите на советничката листа на движењето „Знам за наша Македонија“ ќе се залагаат за подобрување на сите сфери на живеењето на прилепчани, порачува носителката на кандидатската листа на советници – Прилеп, Мирјана Стеваноска.

Современ и организиран Прилеп со ажуриран урбанистички план и транспарентни дозволи за градба нуди движењето „Знам“ преку кандидатите за советници на Прилеп.
Тие ќе се залагаат за финансиска транспарентност на буџетот, подземи гаражи во центарот, а младите да добијат обуки и претприемништва.
Се нудат и дневни центри за најранливите граѓани.
Елизабета Митреска
